top of page
Marble Surface

СЕКТОР ЕКОНОМИЈА, ПРАВО И ТРГОВИЈА

Business Meeting
Marble Surface

СЕКТОР
ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

%25D1%2581%25D0%25BB_edited.jpg

Со изучување на оваа струка ќе се стекнете со вештини кои ќе ви помогнат во понатамошното ваше десјтвување во економската сфера.

Ќе се стекнете со вештини за планирање, организирање, банкарско работење, маркетинг, осигурување, комерцијално работење, финансиско и сметководствено работење.

Во текот на четири годишното изучување на оваа струка ќе ви се отворат многу можности каде ќе можете да се надградувате и докажете на одредени полиња како и совладување на работата во практика, согледување на работата преку организирани работни посети во земјава и странство, посета на производсвтени капацитети, економски форуми, банки, големи фирми од балканот и Европа.

Нашето училиште располага со современо опремени кабинети за успешно извршување на практичната настава, а не е изоставена и дружбата, односно дружење со деца од други држави со цел споделување на искуства и ширење на пријателства.

Повеќе за оваа струка/сектор
Економски техничар

Повеќе за оваа струка/сектор
Медицинска сестра

Професијата медицинска сестра е хумана професија, изучувањето на оваа струка ве припрема да одговорите при тешки услови за да спасите живот притоа пожртвувано и бескомпромисно да работите.

Оваа струка ќе ве припреми за во иднина да можете да ракувате со медицинска опрема и медицински инструменти, да прегледувате пациенти, да применувате нега кај болни и во превентивни цели кај здраво население. Во нашето училиште ќе можете да работите со најсовремена опрема која е специјализирана за изучување на оваа струка, опремени кабинети како и изведување на практична настава во кабинетот и вон кабинетот односно во болница.

Овозможено е интерактивно и визуелно учење со посета на болници, проекти, презентации, хуманитарни акции, активности на отворено, проекти за зачувување на општото здравје, екскурзии во земјава и странство, запознавање на другари од разни држави и споделување на искуства итн.

ГАЛЕРИЈА ОД РАБОТНИ ПОСЕТИ И АКТИВНОСТИ

Посета: Бимилк - Битолска млекара АД Битола и Печатница „Киро Дандаро“ Битола - 2017

Посета на Народна Банка на Република Македонија 2018 - Глобална недела на парите

Посета Хрватска 2016 - Краш - Загреб, Виндија - Вараждин, Бернарда - Варждин, Раденска - Словенија

Саем на економистите и медицинарите каде ги презентираат своите идеи и вештини

Ученици на нашето училиште на практична настава во дом за стари лица во Мадрид- Шпанија, избрани преку проектот на ERASMUS+

Ученици на нашето училиште на практична настава во дом за стари лица во Софија-Бугарија, избрани преку проектот на ERASMUS+

bottom of page